разведри

Глагол, свршен

Значење на разведри:

1. За време, за небо ‒ направи да стане ведро, јасно. Ветрот го разведри небото.

2. (прен.) Исполни некого со ведрина, со добро расположение, со радост. Разговорот ги разведри луѓето.

Коњугација: разведрат.

Изведени зборови:

  • разведрување, глаг. им. ср.
  • се ~ разведри, 1. За време, за небо ‒ стане ведар, јасен. Небото одеднаш се разведри. 2. (прен.) Стане ведар, добро расположен. Лицето му се разведри.
  • (се) разведрува, глаг. несв. (се) разведруваат

Оригинални податоци:

разведри, разведрат св. 1. За време, за небо ‒ направи да стане ведро, јасно. Ветрот го разведри небото. 2. (прен.) Исполни некого со ведрина, со добро расположение, со радост. Разговорот ги разведри луѓето. ● се ~ 1. За време, за небо ‒ стане ведар, јасен. Небото одеднаш се разведри. 2. (прен.) Стане ведар, добро расположен. Лицето му се разведри. ‖ (се) разведрува, (се) разведруваат несв. ‖ глаг. им. разведрување ср.