развесели

Глагол, свршен

Значење на развесели:

Направи некого весел, радосен, израдува некого. Музиката ги развесели.

Коњугација: развеселат.

Изведени зборови:

  • развеселување, глаг. им. ср.
  • се ~ развесели, Стане весел, радосен, се израдува. Кога ја виде, се развесели. Испија по три чаши вино и се развеселија.
  • (се) развеселува, глаг. несв. (се) развеселуваат

Оригинални податоци:

развесели, развеселат св. Направи некого весел, радосен, израдува некого. Музиката ги развесели. ● се ~ Стане весел, радосен, се израдува. Кога ја виде, се развесели. Испија по три чаши вино и се развеселија. ‖ (се) развеселува, (се) развеселуваат несв. ‖ глаг. им. развеселување ср.