развезе

Глагол, свршен

Значење на развезе:

1. Растури вез, везба. За една грешка го развезе гобленот.

2. (прен.) Почне опширно, надолго и нашироко да зборува, разврзе разговор. Кога се видоа, развезоа муабет.

Коњугација: (ќе) развезеа , (ќе) развезев , (ќе) развезел , развезаа , развезав , развезал , развезан , развезат , развезен, развезете , развези .

Изведени зборови:

  • развезување, глаг. им. ср.
  • се ~ развезе, Почне многу да везе. Ама си се развезла ова лето.
  • (се) развезува, глаг. несв. (се) развезуваат

Оригинални податоци:

развезе, развезат; развези, развезете; развезав, развезаа; развезал; развезан; (ќе) развезев, (ќе) развезеа; (ќе) развезел; развезен св. 1. Растури вез, везба. За една грешка го развезе гобленот. 2. (прен.) Почне опширно, надолго и нашироко да зборува, разврзе разговор. Кога се видоа, развезоа муабет. ● се ~ Почне многу да везе. Ама си се развезла ова лето. ‖ (се) развезува, (се) развезуваат несв. ‖ глаг. им. развезување ср.