развие
Значење на развие:
1. а) Развитка, одвитка, одвие нешто свиено, завиено. Таа ги разви веленцата и ги пикна под покривалото. б) За бебе ‒ расповие. Бабицата го разви бебето пред родителите. в) Рашири, развее; растегне. Тој ги разви сите платна на едрилицата. Го развија знамето на јарболот.
2. а) Направи нешто да стане појако; доведе нешто до повисок степен, усоврши. Своето атлетско тело го разви со напорно вежбање. Талентот кон сликарството го разви уште во младоста. б) Предизвика интерес кон нешто, предизвика засилување на некои својства. Таа му го разви интересот кон музиката.
3. а) Преземе, организира нешто на повисок степен; пројави нешто во поголеми размери. Тој разви жива публицистичка дејност. б) Придвижи; со постепено наголемување доведе до значителен степен, постигне. Колата разви поголема брзина.
4. Изложи, прикаже; изнесе нешто опширно, подробно, прошири. Особините на главниот лик во делото авторот ги развил во третиот чин.
5. (воен.) Распореди за борба. Војниците ги разви во стрелци.
6. За фотографија, снимка, филм и сл. ‒ направи видлив со помош на хемиско средство. Го разви филмот од нивното летување.
7. За шума, растение ‒ пушти лисје, гранки. Првите пупки развиле лисја.
Коњугација: (ќе) развиев , (ќе) развиеја , (ќе) развиел , развив , развиен, развиј , развија , развијат , развијте , развил .
Изведени зборови:
- развивање, глаг. им. ср.
- (се) развива, глаг. несв. (се) развиваат
- се ~ развие, 1. Се создаде, се појави; се развие, започне, почне. По тоа прашање се разви силна дискусија. Од тие петмина браќа понатаму се развиле петте родови. Треба да се развие чувство кон прочитаната содржина. 2. Се рашири, добие поголеми размери. Болеста се разви многу брзо. 3. а) Се издигне духовно, умствено. На студиите тој се разви во вистински гениј. б) Израсне, зајакне, постигне повисок степен на развој. По неколку години фабриката се разви во вистински гигант со голем број вработени. 4. За шума, растение ‒ се развие, разлиста. Пролетта дрвото се разви и правеше убава ладовина.
Оригинални податоци:
развие, развијат; развиј, развијте; развив, развија; развил; (ќе) развиев, (ќе) развиеја; (ќе) развиел; развиен св. 1. а) Развитка, одвитка, одвие нешто свиено, завиено. Таа ги разви веленцата и ги пикна под покривалото. б) За бебе ‒ расповие. Бабицата го разви бебето пред родителите. в) Рашири, развее; растегне. Тој ги разви сите платна на едрилицата. Го развија знамето на јарболот. 2. а) Направи нешто да стане појако; доведе нешто до повисок степен, усоврши. Своето атлетско тело го разви со напорно вежбање. Талентот кон сликарството го разви уште во младоста. б) Предизвика интерес кон нешто, предизвика засилување на некои својства. Таа му го разви интересот кон музиката. 3. а) Преземе, организира нешто на повисок степен; пројави нешто во поголеми размери. Тој разви жива публицистичка дејност. б) Придвижи; со постепено наголемување доведе до значителен степен, постигне. Колата разви поголема брзина. 4. Изложи, прикаже; изнесе нешто опширно, подробно, прошири. Особините на главниот лик во делото авторот ги развил во третиот чин. 5. (воен.) Распореди за борба. Војниците ги разви во стрелци. 6. За фотографија, снимка, филм и сл. ‒ направи видлив со помош на хемиско средство. Го разви филмот од нивното летување. 7. За шума, растение ‒ пушти лисје, гранки. Првите пупки развиле лисја. ● се ~ 1. Се создаде, се појави; се развие, започне, почне. По тоа прашање се разви силна дискусија. Од тие петмина браќа понатаму се развиле петте родови. Треба да се развие чувство кон прочитаната содржина. 2. Се рашири, добие поголеми размери. Болеста се разви многу брзо. 3. а) Се издигне духовно, умствено. На студиите тој се разви во вистински гениј. б) Израсне, зајакне, постигне повисок степен на развој. По неколку години фабриката се разви во вистински гигант со голем број вработени. 4. За шума, растение ‒ се развие, разлиста. Пролетта дрвото се разви и правеше убава ладовина. ‖ (се) развива, (се) развиваат несв. ‖ глаг. им. развивање ср.