развиен
Значење на развиен:
1. а) Што е физички добро изграден, силен, здрав. Беше крупно, високо и добро развиено момче. б) Што е духовно, умствено издигнат.
2. Што достигнал повисок степен на развој. Таму има развиена железничка мрежа. Најразвиеното село во тој регион има голем број жители.
Членувана форма: развиениот.
Изведени зборови:
- развиеност, и. ж.
Оригинални податоци:
развиен, развиениот прид. 1. а) Што е физички добро изграден, силен, здрав. Беше крупно, високо и добро развиено момче. б) Што е духовно, умствено издигнат. 2. Што достигнал повисок степен на развој. Таму има развиена железничка мрежа. Најразвиеното село во тој регион има голем број жители. ‖ развиеност ж.