развиори

Глагол, свршен

Значење на развиори:

1. Развее, разнесе на сите страни. Ветрот ги развиори завесите на прозорците.

2. (прен.) Предизвика некакво силно чувство. Тие зборови му развиорија немир во душата.

Коњугација: развиорат.

Изведени зборови:

  • развиорување, глаг. им. ср.
  • се ~ развиори, 1. Почне да се виори. Неколку црвени бајраци се развиорија. 2. Се развее, се разнесе на сите страни. Се развиорија маглиштата околу врвот на планината. 3. (прен.) Се јави, се прошири некакво чувство. Во градите му се развиори чудно чувство.
  • (се) развиорува, глаг. несв. (се) развиоруваат

Оригинални податоци:

развиори, развиорат св. 1. Развее, разнесе на сите страни. Ветрот ги развиори завесите на прозорците. 2. (прен.) Предизвика некакво силно чувство. Тие зборови му развиорија немир во душата. ● се ~ 1. Почне да се виори. Неколку црвени бајраци се развиорија. 2. Се развее, се разнесе на сите страни. Се развиорија маглиштата околу врвот на планината. 3. (прен.) Се јави, се прошири некакво чувство. Во градите му се развиори чудно чувство. ‖ (се) развиорува, (се) развиоруваат несв. ‖ глаг. им. развиорување ср.