развиток
Само во еднина.
Значење на развиток:
1. Постепено и постојано преминување од една состојба, етапа во друга, повисока, понапредна. Во неговото дело се следи историскиот и културниот развиток на општеството.
2. Природни промени кај живите организми како приспособување кон животните услови; еволуција. Еволутивен развиток на приматите.
3. Зголемување, проширување на менталните способности. Тие го следат телесниот и духовниот развиток на децата.
4. (екон.) Зголемување на производствените резултати, пораст на општественото производство, економски напредок. Сето тоа довело до развоток на стопанството во земјата.
Оригинални податоци:
развиток (само едн.) м. 1. Постепено и постојано преминување од една состојба, етапа во друга, повисока, понапредна. Во неговото дело се следи историскиот и културниот развиток на општеството. 2. Природни промени кај живите организми како приспособување кон животните услови; еволуција. Еволутивен развиток на приматите. 3. Зголемување, проширување на менталните способности. Тие го следат телесниот и духовниот развиток на децата. 4. (екон.) Зголемување на производствените резултати, пораст на општественото производство, економски напредок. Сето тоа довело до развоток на стопанството во земјата.