развлечен
Значење на развлечен:
1. Глаголска придавка од развлече.
2. Што е претерано опширен. Смешни му беа селските развлечени прикаски.
3. Што е долг, монотон, едноличен и лишен од динамика. Развлечен глас. Развлечено плачење.
Членувана форма: развлечениот.
Изведени зборови:
- развлечено, прил. Музиката свиреше таговно, развлечено. Колоната развлечено се движеше.
- развлеченост, и. ж.
Оригинални податоци:
развлечен, развлечениот прид. 1. Глаг. прид. од развлече. 2. Што е претерано опширен. Смешни му беа селските развлечени прикаски. 3. Што е долг, монотон, едноличен и лишен од динамика. Развлечен глас. Развлечено плачење. ‖ развлечено прил. Музиката свиреше таговно, развлечено. Колоната развлечено се движеше. ‖ развлеченост ж.