разводни
Значење на разводни:
1. За течност ‒ со додавање вода направи да стане поредок, послаб; разблажи, разреди. Тој го разводни виното и седна да пие. Разводни го сокот, премногу е благ.
2. (прен.) За мисла, предлог, излагање и сл. ‒ направи да биде безизразен, лиши од основната суштина, ублажи. Таа постапка го разводни неговиот цврст став.
Коњугација: разводнат.
Изведени зборови:
- разводнување, глаг. им. ср.
- се ~ разводни, Изгуби карактеристични црти, интензитет, стане слаб. По некое време дискусијата се разводни.
- (се) разводнува, глаг. несв. (се) разводнуваат
Оригинални податоци:
разводни, разводнат св. 1. За течност ‒ со додавање вода направи да стане поредок, послаб; разблажи, разреди. Тој го разводни виното и седна да пие. Разводни го сокот, премногу е благ. 2. (прен.) За мисла, предлог, излагање и сл. ‒ направи да биде безизразен, лиши од основната суштина, ублажи. Таа постапка го разводни неговиот цврст став. ● се ~ Изгуби карактеристични црти, интензитет, стане слаб. По некое време дискусијата се разводни. ‖ (се) разводнува, (се) разводнуваат несв. ‖ глаг. им. разводнување ср.