разводник

Именка, машки род

Значење на разводник:

1. (воен.) Тој што ја распоредува, распределува стражата. Тој се јави кај разводникот на ноќната стража.

2. Тој што ги распоредува и им ги покажува местата на посетителите во сала и сл. Разводникот во киното им ги покажа местата во салата.

3. Тој што придружува група туристи; водич.

4. (техн.) Направа што служи за распоредување, насочување на пареа, електрична енергија и сл. Струјата се одведува до разводникот.

Множина: разводници.

Изведени зборови:

  • разводница, и. ж. мн. разводници и разводничка, мн. разводнички сп. разводник 2 и 3.
  • разводнички, прид. разводничкиот

Оригинални податоци:

разводник, мн. разводници м. 1. (воен.) Тој што ја распоредува, распределува стражата. Тој се јави кај разводникот на ноќната стража. 2. Тој што ги распоредува и им ги покажува местата на посетителите во сала и сл. Разводникот во киното им ги покажа местата во салата. 3. Тој што придружува група туристи; водич. 4. (техн.) Направа што служи за распоредување, насочување на пареа, електрична енергија и сл. Струјата се одведува до разводникот. ‖ разводница, мн. разводници и разводничка, мн. разводнички ж. сп. разводник 2 и 3. ‖ разводнички, разводничкиот прид.