разврши се
Значење на разврши се:
1. Почне силно, енергично да врши жито. Како што си се развршил уште од рано изутрина, брзо ќе завршиш со работата.
2. (прен.) Се растрча ваму‒таму. Се разврши низ сретсело за да го најде.
Коњугација: се развршат.
Изведени зборови:
- се развршува, глаг. несв. се развршуваат
Оригинални податоци:
разврши се, се развршат св. 1. Почне силно, енергично да врши жито. Како што си се развршил уште од рано изутрина, брзо ќе завршиш со работата. 2. (прен.) Се растрча ваму‒таму. Се разврши низ сретсело за да го најде. ‖ се развршува, се развршуваат несв.