разврти
Значење на разврти:
1. Одврти, разлабави нешто затворено, стегнато. Едвај ја разврте славината на чешмата.
2. Направи нешто да почне да се врти; предизвика вртење. Мајсторот го разврте тркалото за да го провери.
Коњугација: развртат.
Изведени зборови:
- развртување, глаг. им. ср.
- се ~ разврти, 1. Гледа наоколу, гледа на сите страни. Таа се разврте околу себе за да види дали некој ја гледа. Се развртев лево‒десно за да видам дали е тука. 2. Почне силно да врти. Кога се разврте со хулахопот, никој не можеше да ја сопре.
- (се) развртува, глаг. несв. (се) развртуваат
Оригинални податоци:
разврти, развртат св. 1. Одврти, разлабави нешто затворено, стегнато. Едвај ја разврте славината на чешмата. 2. Направи нешто да почне да се врти; предизвика вртење. Мајсторот го разврте тркалото за да го провери. ● се ~ 1. Гледа наоколу, гледа на сите страни. Таа се разврте околу себе за да види дали некој ја гледа. Се развртев лево‒десно за да видам дали е тука. 2. Почне силно да врти. Кога се разврте со хулахопот, никој не можеше да ја сопре. ‖ (се) развртува, (се) развртуваат несв. ‖ глаг. им. развртување ср.