разврзе

Глагол, свршен

Значење на разврзе:

1. Оддели, одвои нешто што било претходно врзано, одврзе; ослободи некого од тоа со што бил врзан или нешто од тоа со што било врзано. Тој го разврза јажето од дирекот. Го разврза шамичето и му подаде една пара. Го разврза коњот.

2. (прен.) а) Почне да зборува, да разговара. Се обиде да разврзе разговор. Не им требаше долго време за да разврзат пријателски разговор. б) Почне надолго и нашироко да зборува. Разврзаа муабет до доцна во ноќта.

Коњугација: (ќе) разврзеа , (ќе) разврзев , (ќе) разврзел , разврзаа , разврзав , разврзал , разврзан, разврзат , разврзете , разврзи .

Изведени зборови:

  • разврзување, глаг. им. ср.
  • се ~ разврзе, 1. сп. разврзе 1. Тој јазел може да се разврзе. 2. (прен.) Се развие, се појави. Дискусијата што се разврза околу работата траеше до доцна. Се разврзаа муабети за разни настани и доживувања.
  • (се) разврзува, глаг. несв. (се) разврзуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Разврза јазик ‒ ослободи, отпушти; почне да зборува слободно и отворено.

Оригинални податоци:

разврзе, разврзат; разврзи, разврзете; разврзав, разврзаа; разврзал; (ќе) разврзев, (ќе) разврзеа; (ќе) разврзел; разврзан св. 1. Оддели, одвои нешто што било претходно врзано, одврзе; ослободи некого од тоа со што бил врзан или нешто од тоа со што било врзано. Тој го разврза јажето од дирекот. Го разврза шамичето и му подаде една пара. Го разврза коњот. 2. (прен.) а) Почне да зборува, да разговара. Се обиде да разврзе разговор. Не им требаше долго време за да разврзат пријателски разговор. б) Почне надолго и нашироко да зборува. Разврзаа муабет до доцна во ноќта. ● се ~ 1. сп. разврзе 1. Тој јазел може да се разврзе. 2. (прен.) Се развие, се појави. Дискусијата што се разврза околу работата траеше до доцна. Се разврзаа муабети за разни настани и доживувања. ‖ (се) разврзува, (се) разврзуваат несв. ‖ глаг. им. разврзување ср. ◊ Разврза јазик ‒ ослободи, отпушти; почне да зборува слободно и отворено.