'рбет

Именка, машки род

Значење на 'рбет:

1. Дел од скелетот кај човекот и кај некои животни ('рбетници), составен од ковчести прешлени, столб ('рбетен столб) во вид на флексибилен синџир од 33 прешлени, кој го заштитува 'рбетниот мозок, ја потпира главата и има места за спојување со карличните коски и со градниот кош. Таа се здоби со повреди на 'рбетот. Ги повреди 3. и 4. прешлен од 'рбетот. Многу го боли 'рбетот. Одвај го исправи 'рбетот.

2. (прен.) Врвен дел на нешто, некаков локалитет (рид, планина, бран и сл.). Планината има повиен 'рбет. На 'рбетите од планините се белееше снег.

3. (прен.) Срцевина, носечки или најважен дел на нешто. 'Рбетот на целиот проект е втората фаза од реализацијата. 'Рбетот на екипата е во неколку играчи во нападот.

Множина: 'рбети.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го сви 'рбетот ‒ се потчини, попушти.

Оригинални податоци:

'рбет, мн. 'рбети м. 1. Дел од скелетот кај човекот и кај некои животни ('рбетници), составен од ковчести прешлени, столб ('рбетен столб) во вид на флексибилен синџир од 33 прешлени, кој го заштитува 'рбетниот мозок, ја потпира главата и има места за спојување со карличните коски и со градниот кош. Таа се здоби со повреди на 'рбетот. Ги повреди 3. и 4. прешлен од 'рбетот. Многу го боли 'рбетот. Одвај го исправи 'рбетот. 2. (прен.) Врвен дел на нешто, некаков локалитет (рид, планина, бран и сл.). Планината има повиен 'рбет. На 'рбетите од планините се белееше снег. 3. (прен.) Срцевина, носечки или најважен дел на нешто. 'Рбетот на целиот проект е втората фаза од реализацијата. 'Рбетот на екипата е во неколку играчи во нападот. ◊ Го сви 'рбетот ‒ се потчини, попушти.