реагира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на реагира:

1. Возврати, возвраќа; одговори, одговара на некој начин на примени податоци, дразби и сл. Гледачите реагираа со бурна смеа. Овие цвеќиња реагираат на студено време. Лицето реагираше на допир.

2. Се спротивстави, се спротивставува; пројави, пројавува сопствен однос кон нешто. Таа реагира на неговите зборови. Станарите реагираа со пријава. Тој не реагираше на провокации.

3. (хем.) Стапи, стапува во хемиска реакција при определен хемиски процес. Хидроксилните алкохоли реагираат на халогените водородни киселини. Ова соединение бурно реагира на вода.

Коњугација: реагираат , реагирајќи.

Изведени зборови:

  • реагирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

реагира, реагираат; реагирајќи св. и несв. 1. Возврати, возвраќа; одговори, одговара на некој начин на примени податоци, дразби и сл. Гледачите реагираа со бурна смеа. Овие цвеќиња реагираат на студено време. Лицето реагираше на допир. 2. Се спротивстави, се спротивставува; пројави, пројавува сопствен однос кон нешто. Таа реагира на неговите зборови. Станарите реагираа со пријава. Тој не реагираше на провокации. 3. (хем.) Стапи, стапува во хемиска реакција при определен хемиски процес. Хидроксилните алкохоли реагираат на халогените водородни киселини. Ова соединение бурно реагира на вода. ‖ глаг. им. реагирање ср.