реакција 1

Именка, женски род

Значење на реакција:

1. Одглас, воздејство, повратно дејство што се јавува како последица или како одговор од некое претходно дејство; акција предизвикана од друга акција и се јавува како нејзин рефлекс или како нејзин одговор. Таа ја очекуваше реакцијата на домашните. Брза реакција. Остра реакција. Секоја негова акција има и нејзина реакција.

2. (биол.) Одговор, одглас на организмот како резултат од некакво дразнење (однадвор или однатре). Во стомакот имаше бурна реакција. Пациентот покажува реакција на дразби. Бебето имаше реакција на вакцината. Алергиска реакција од храна.

3. (хем.) Процес при кој супстанциите си влијаат и една се претвора во друга, притоа тие се врзуваат, а со тоа една супстанција се разложува, се внесува во друга или двете градат сосема нова супстанција. Хемиска реакција.

4. (прен.) Промена на став или на расположение под некакво влијание или по свое убедување. Неговата реакција беше непримерна. Тажната вест имаше реакција. Ова беше негова реакција од непроспиените ноќи. Добра реакција. Лоша реакција.

Множина: реакции.

Изведени зборови:

  • реакциски, прид. реакцискиот

Оригинални податоци:

реакција1, мн. реакции ж. 1. Одглас, воздејство, повратно дејство што се јавува како последица или како одговор од некое претходно дејство; акција предизвикана од друга акција и се јавува како нејзин рефлекс или како нејзин одговор. Таа ја очекуваше реакцијата на домашните. Брза реакција. Остра реакција. Секоја негова акција има и нејзина реакција. 2. (биол.) Одговор, одглас на организмот како резултат од некакво дразнење (однадвор или однатре). Во стомакот имаше бурна реакција. Пациентот покажува реакција на дразби. Бебето имаше реакција на вакцината. Алергиска реакција од храна. 3. (хем.) Процес при кој супстанциите си влијаат и една се претвора во друга, притоа тие се врзуваат, а со тоа една супстанција се разложува, се внесува во друга или двете градат сосема нова супстанција. Хемиска реакција. 4. (прен.) Промена на став или на расположение под некакво влијание или по свое убедување. Неговата реакција беше непримерна. Тажната вест имаше реакција. Ова беше негова реакција од непроспиените ноќи. Добра реакција. Лоша реакција. ‖ реакциски, реакцискиот прид.