реализам

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на реализам:

1. Вистински, стварен, постоен начин на согледување на светот околу себе и на состојбите. Креативен реализам. Магичен реализам. Неговиот реализам се граничи со грубост.

2. Правец во филозофијата, уметноста, особено во литературата што се појавува во XIX век кој во основата е со насока да ја покажува вистинската, реална слика на она што го обработува и го прикажува онакво какво што е. Поетски реализам. Руски реализам. Филозофски реализам. Социјалистички реализам. Реализам во сликарството.

Членувана форма: реализмот.

Оригинални податоци:

реализам, реализмот (само едн.) м. 1. Вистински, стварен, постоен начин на согледување на светот околу себе и на состојбите. Креативен реализам. Магичен реализам. Неговиот реализам се граничи со грубост. 2. Правец во филозофијата, уметноста, особено во литературата што се појавува во XIX век кој во основата е со насока да ја покажува вистинската, реална слика на она што го обработува и го прикажува онакво какво што е. Поетски реализам. Руски реализам. Филозофски реализам. Социјалистички реализам. Реализам во сликарството.