реализира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на реализира:

Оствари, остварува, спроведе, спроведува во дело. Тие ја реализираа идејата за изградба на нов театар за деца. Ние го реализиравме нашиот план, сега реализираме нов проект.

Коњугација: реализираат , реализирајќи.

Изведени зборови:

  • реализирање, глаг. им. ср.
  • се ~ реализира, Се оствари, се остварува, се докаже, се докажува, се истакне, се истакнува себеси во определена дејност. Тој се реализираше себеси преку работата. Таа се реализира преку музиката.

Оригинални податоци:

реализира, реализираат; реализирајќи св. и несв. Оствари, остварува, спроведе, спроведува во дело. Тие ја реализираа идејата за изградба на нов театар за деца. Ние го реализиравме нашиот план, сега реализираме нов проект. ● се ~ Се оствари, се остварува, се докаже, се докажува, се истакне, се истакнува себеси во определена дејност. Тој се реализираше себеси преку работата. Таа се реализира преку музиката. ‖ глаг. им. реализирање ср.