реалност

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на реалност:

1. Стварност, вистинитост, сето она што нè опкружува и што претставува објективно постоење, што може да го приемаме со сетилата. Нашата реалност е таква. Реалноста во која живееме не е убава. Груба реалност.

2. Признак, карактеристика на она што постои како поим за определена појава и за што може да се создава вистинска претстава.. Реалноста на резултатите од изборите. Културолошка реалност. Реалност на исказот.

Оригинални податоци:

реалност (само едн.) ж. 1. Стварност, вистинитост, сето она што нè опкружува и што претставува објективно постоење, што може да го приемаме со сетилата. Нашата реалност е таква. Реалноста во која живееме не е убава. Груба реалност. 2. Признак, карактеристика на она што постои како поим за определена појава и за што може да се создава вистинска претстава.. Реалноста на резултатите од изборите. Културолошка реалност. Реалност на исказот.