ребро

Именка, среден род

Значење на ребро:

1. Долгнавеста малку тесна коска кај човекот, дел од коските кај човекот и кај некои животни, сместени во градниот кош, поврзани со 'рбетниот столб, а дел од нив и со градната коска. Човекот има 12 пара ребра. Тој скрши две ребра.

2. Во исхраната, специјалитет подготвен од месо со коска (ребро). Најдобрите чадени ребра се продаваат во оваа месарница. Ребра на жар. Од скара признавам само ребра. Свински ребра.

3. Дел од планина или од стрмно издигнато место. Зашуменото ребро на планината.

4. (мех.) Дел од моторот (цилиндар). Ребрата од надворешната страна на моторот беа уништени.

5. а) Предмети што наликуваат по својата форма на ребра. Радијаторот имаше 14 ребра. б) Дел од брод. Бродот имаше ребра засилени со челик. Прво напукна реброто на бродот.

Множина: ребра.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го чеша (му игра) некое ребро ‒ самиот си бара неволја, ќотек. Му се бројат ребрата ‒ многу е слаб, истоштен, истрошен.

Оригинални податоци:

ребро, мн. ребра ср. 1. Долгнавеста малку тесна коска кај човекот, дел од коските кај човекот и кај некои животни, сместени во градниот кош, поврзани со 'рбетниот столб, а дел од нив и со градната коска. Човекот има 12 пара ребра. Тој скрши две ребра. 2. Во исхраната, специјалитет подготвен од месо со коска (ребро). Најдобрите чадени ребра се продаваат во оваа месарница. Ребра на жар. Од скара признавам само ребра. Свински ребра. 3. Дел од планина или од стрмно издигнато место. Зашуменото ребро на планината. 4. (мех.) Дел од моторот (цилиндар). Ребрата од надворешната страна на моторот беа уништени. 5. а) Предмети што наликуваат по својата форма на ребра. Радијаторот имаше 14 ребра. б) Дел од брод. Бродот имаше ребра засилени со челик. Прво напукна реброто на бродот. ‖ ребренце, мн. ребренца дем. и хип. ◊ Го чеша (му игра) некое ребро ‒ самиот си бара неволја, ќотек. Му се бројат ребрата ‒ многу е слаб, истоштен, истрошен.