ребус

Именка, машки род

Значење на ребус:

1. Поим во енигматиката, загатка од слики, букви, бројки и од цртежи. Детски ребуси. Анаграмен ребус.

2. (прен.) Нешто непознато што бара напор да се разјасни, енигма. Таа беше ребус за него. За нив природата е голем подвижен ребус што се обидуваат да го протолкуваат.

Множина: ребуси.

Изведени зборови:

  • ребуски, прид. ребускиот Ребуски загатки. Ребуски решенија.

Оригинални податоци:

ребус, мн. ребуси м. 1. Поим во енигматиката, загатка од слики, букви, бројки и од цртежи. Детски ребуси. Анаграмен ребус. 2. (прен.) Нешто непознато што бара напор да се разјасни, енигма. Таа беше ребус за него. За нив природата е голем подвижен ребус што се обидуваат да го протолкуваат. ‖ ребуски, ребускиот прид. Ребуски загатки. Ребуски решенија.