рецепција

Именка, женски род

Значење на рецепција:

1. Примање, преземање, усвојување (поими, културни вредности и сл.); сфаќање, разбирање на нешто. Лесна рецепција на оваа поезија. Рецепција на неговите уметнички дострели.

2. Прифаќање, прием на гости, пациенти во хотел, болница и сл. По рецепцијата сите се сместија во своите соби. При рецепцијата го проследија на Одделот за кардиологија.

3. Одделна просторија или одделен простор на влезот во некој објект (хотел, болница, установа и сл.) за прием и пречек на гости, пациенти и сл. Рецепцијата е опремена со најсовремена техника. Рецепцијата на болницата е под видеонадзор.

Множина: рецепции.

Изведени зборови:

  • рецепциски, прид. рецепцискиот Рецепциска книга. Рецепциски пулт.

Оригинални податоци:

рецепција, мн. рецепции ж. 1. Примање, преземање, усвојување (поими, културни вредности и сл.); сфаќање, разбирање на нешто. Лесна рецепција на оваа поезија. Рецепција на неговите уметнички дострели. 2. Прифаќање, прием на гости, пациенти во хотел, болница и сл. По рецепцијата сите се сместија во своите соби. При рецепцијата го проследија на Одделот за кардиологија. 3. Одделна просторија или одделен простор на влезот во некој објект (хотел, болница, установа и сл.) за прием и пречек на гости, пациенти и сл. Рецепцијата е опремена со најсовремена техника. Рецепцијата на болницата е под видеонадзор. ‖ рецепциски, рецепцискиот прид. Рецепциска книга. Рецепциски пулт.