рече

Глагол, свршен

Значење на рече:

1. вели.

2. Со зборови или со збор изјави, изрази нешто; каже. Тој рече дека ќе дојде. Таа рече нешто тивко. Тие ништо не рекоа, седеа и молчеа.

3. Одговори, одврати, каже нешто како одговор во индиректен говор. ‒ Да, сега сме слободни – рече таа. ‒ Сето тоа е минато – рече таа.

4. Заповеда, соопшти нешто како наредба. Директорот рече сите да дојдат на состанокот. Правникот рече сите да донесат копија од личната карта.

5. Му се стори, помисли. Кога ја видов, реков сестра ѝ е. Секој ќе рече дека е многу убава. Си реков сам со умот.

6. Убеди, даде совет некому; зборува_5 Сите му рекоа да не оди. Тој му рече на момчето да не се меша во туѓи работи. Таа му рече да вози внимателно.

7. Во состав со да, нека ‒ претпостави, дозволи. Да речеме дека е така. Нека речеа дека сме подобри.

8. Во состав со друг глагол за да означи почеток на дејството изразено со другиот глагол. Кога рече врне еден дожд. Кога рече се смее. Кога рече едно паѓање.

9. (разг.) Изврши, изведе некое движење. Речи вака со рацете за да ја кажеш молитвата. Така рече таа со рацете. Рече нешто со очите кон вратата.

10. (разг.) Реши, се реши, се накани. Бев до град, па реков да те видам. Реков да одам до кафеаната, ама заврна. Рече да купи леб, ама затвориле.

Коњугација: (ќе) речеа , (ќе) речев , (ќе) речел , рекле , рекоа , реков , рекол , речат , речен, речете , речи .

Фразеолошки израз / поговорка:

Ако реков, не пресеков ‒ нешто може да се менува, може да се попушти, да се отстапи од првиот став. Ако е речено ‒ судбински определено да биде така. Не било речено ‒ не се остварило нешто заради различни околности. Кажи-речи ‒ горе‒долу, приближно, одоколу, сп. каже. Не речи двапати ‒ сè е можно. Речено‒сторено ‒ веднаш исполнето. Сакам кажам, не знам речам ‒ сп. каже. Ти реков, ми рече ‒ празни (разни) разговори.

Оригинални податоци:

рече, речат; речи, речете; реков, рекоа; рекол, рекле; (ќе) речев, (ќе) речеа; (ќе) речел; речен св. 1. сп. вели. 2. Со зборови или со збор изјави, изрази нешто; каже. Тој рече дека ќе дојде. Таа рече нешто тивко. Тие ништо не рекоа, седеа и молчеа. 3. Одговори, одврати, каже нешто како одговор во индиректен говор. ‒ Да, сега сме слободни – рече таа. ‒ Сето тоа е минато – рече таа. 4. Заповеда, соопшти нешто како наредба. Директорот рече сите да дојдат на состанокот. Правникот рече сите да донесат копија од личната карта. 5. Му се стори, помисли. Кога ја видов, реков сестра ѝ е. Секој ќе рече дека е многу убава. Си реков сам со умот. 6. Убеди, даде совет некому; сп. зборува 5. Сите му рекоа да не оди. Тој му рече на момчето да не се меша во туѓи работи. Таа му рече да вози внимателно. 7. Во состав со да, нека ‒ претпостави, дозволи. Да речеме дека е така. Нека речеа дека сме подобри. 8. Во состав со друг глагол за да означи почеток на дејството изразено со другиот глагол. Кога рече врне еден дожд. Кога рече се смее. Кога рече едно паѓање. 9. (разг.) Изврши, изведе некое движење. Речи вака со рацете за да ја кажеш молитвата. Така рече таа со рацете. Рече нешто со очите кон вратата. 10. (разг.) Реши, се реши, се накани. Бев до град, па реков да те видам. Реков да одам до кафеаната, ама заврна. Рече да купи леб, ама затвориле. ◊ Ако реков, не пресеков ‒ нешто може да се менува, може да се попушти, да се отстапи од првиот став. Ако е речено ‒ судбински определено да биде така. Не било речено ‒ не се остварило нешто заради различни околности. Кажи-речи ‒ горе‒долу, приближно, одоколу, сп. каже. Не речи двапати ‒ сè е можно. Речено‒сторено ‒ веднаш исполнето. Сакам кажам, не знам речам ‒ сп. каже. Ти реков, ми рече ‒ празни (разни) разговори.