речник

Именка, машки род

Значење на речник:

1. а) Книга, публикација што ги содржи зборовите на еден јазик, обично средени по азбучен ред, со толкувања на истиот јазик или со превод на друг или на неколку јазици (толковен, еднојазичен, преводен, двојазичен, повеќејазичен речник). Толковен речник на македонскиот јазик. Македонско-англиски речник. б) Специјализирана публикација што содржи дел од зборовниот фонд на еден јазик, зборови и изразни средства што се карактеризираат според посебноста на нивната употреба или според намената, целта на публикацијата (терминолошки, дијалектен, фразеолошки, правописен, етимолошки речник и др.). Мал етимолошки речник. Интенцијален речник на македонските глаголи.

2. а) Целокупност, сите зборови на еден јазик, вокабулар. б) Некој дел од таа целина, зборови на определена сфера на употреба или зборови со кои се служи едно лице, автор, писател или лица што се поврзани според определена карактеристика. Писател со богат речник. Речникот на учениците е сиромашен. Уличен речник. Тој употребува непристоен речник. Таа има богат речник. Активен речник.

Множина: речници.

Изведени зборови:

  • речниче, и. ср. дем.
  • речнички, прид. речничкиот Основен речнички состав. Речнички единици. Речничко богатство.

Оригинални податоци:

речник, мн. речници м. 1. а) Книга, публикација што ги содржи зборовите на еден јазик, обично средени по азбучен ред, со толкувања на истиот јазик или со превод на друг или на неколку јазици (толковен, еднојазичен, преводен, двојазичен, повеќејазичен речник). Толковен речник на македонскиот јазик. Македонско-англиски речник. б) Специјализирана публикација што содржи дел од зборовниот фонд на еден јазик, зборови и изразни средства што се карактеризираат според посебноста на нивната употреба или според намената, целта на публикацијата (терминолошки, дијалектен, фразеолошки, правописен, етимолошки речник и др.). Мал етимолошки речник. Интенцијален речник на македонските глаголи. 2. а) Целокупност, сите зборови на еден јазик, вокабулар. б) Некој дел од таа целина, зборови на определена сфера на употреба или зборови со кои се служи едно лице, автор, писател или лица што се поврзани според определена карактеристика. Писател со богат речник. Речникот на учениците е сиромашен. Уличен речник. Тој употребува непристоен речник. Таа има богат речник. Активен речник. ‖ речнички, речничкиот прид. Основен речнички состав. Речнички единици. Речничко богатство. ‖ речниче, мн. речничиња ср. дем.