реципрочен

Придавка

Значење на реципрочен:

1. Што е во рамноправен меѓусебен однос, меѓусебно обусловен, заемен, соодносен. Реципрочен однос. Реципрочни правила и закони.

2. (мат.) Вредност на броеви. Операција делење на реципрочни броеви. Реципрочен број.

3. (грам.) Повратен глагол со кој се искажува дејство што го вршат два или повеќе вршители (еден на друг или еден кон друг), заемно повратно дејство. Реципрочни глаголи.

Членувана форма: реципрочниот.

Изведени зборови:

  • реципрочно, прил. кон зн. 1. Реципрочно си помагаат.
  • реципрочност, и. ж.

Оригинални податоци:

реципрочен, реципрочниот прид. 1. Што е во рамноправен меѓусебен однос, меѓусебно обусловен, заемен, соодносен. Реципрочен однос. Реципрочни правила и закони. 2. (мат.) Вредност на броеви. Операција делење на реципрочни броеви. Реципрочен број. 3. (грам.) Повратен глагол со кој се искажува дејство што го вршат два или повеќе вршители (еден на друг или еден кон друг), заемно повратно дејство. Реципрочни глаголи. ‖ реципрочно прил. кон зн. 1. Реципрочно си помагаат. ‖ реципрочност ж.