реципроцитет

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на реципроцитет:

1. Заемност, меѓусебност, рамноправен заемен однос. Во нивните средби и другарувања има реципроцитет.

2. (екон.) Принцип во меѓународните трговски односи да не се даваат повластувања без да се добие соодветна услуга. Реципроцитет во извозот и увозот на стоки.

3. (прав.) Меѓудржавен однос со кој една држава им ги дава на граѓаните на друга држава само тие права и предности што таа ги добива за своите граѓани во друга држава. Реципроцитет во почитувањето на човековите права во двете држави.

4. (мат.) Операција меѓу два реципрочни броја чијшто резултат е еден .

Оригинални податоци:

реципроцитет (само едн.) м. 1. Заемност, меѓусебност, рамноправен заемен однос. Во нивните средби и другарувања има реципроцитет. 2. (екон.) Принцип во меѓународните трговски односи да не се даваат повластувања без да се добие соодветна услуга. Реципроцитет во извозот и увозот на стоки. 3. (прав.) Меѓудржавен однос со кој една држава им ги дава на граѓаните на друга држава само тие права и предности што таа ги добива за своите граѓани во друга држава. Реципроцитет во почитувањето на човековите права во двете држави. 4. (мат.) Операција меѓу два реципрочни броја чијшто резултат е еден .