рецка

Именка, женски род

Значење на рецка:

1. Црта, цртичка вертикално или косо напишана, вдлабната или создадена сама од себе. На ѕидот ставаше рецки. Рецките на ѕидот ја означуваа височината на детето. Секоја рецка на ѕидот е сведок на времето. Рамката е украсена со косо поставени рецки.

2. Гребаница по кожа на човек или врз некој предмет. Рецки по грбот. Рецки на стаклото на масата.

Множина: рецки.

Фразеолошки израз / поговорка:

Стави (тури) му рецка ‒ избриши го како да го нема, како да не постои, прецртај го.

Оригинални податоци:

рецка, мн. рецки ж. 1. Црта, цртичка вертикално или косо напишана, вдлабната или создадена сама од себе. На ѕидот ставаше рецки. Рецките на ѕидот ја означуваа височината на детето. Секоја рецка на ѕидот е сведок на времето. Рамката е украсена со косо поставени рецки. 2. Гребаница по кожа на човек или врз некој предмет. Рецки по грбот. Рецки на стаклото на масата. ◊ Стави (тури) му рецка ‒ избриши го како да го нема, како да не постои, прецртај го.