ред

Именка, машки род

Значење на ред:

1. а) Редица, севкупност од нешта (лица, предмети и сл.) што доаѓаат едно до друго во хоризонтална линија според некои правила (височина, обележаност со број и сл.). Момчињата беа наредени во ред. Тој ги читаше буквите од првиот ред. Беше сместен во втората куќа од првиот ред куќи. б) Позиција на нешта (предмети, лица) што се наоѓаат едно зад (по) друго. Десет реда војска стоеше построена. Првиот ред беше со црвени седишта, другите редови со зелени. Редот се протегаше до влезот на аптеката. Насадија два реда сливи, а потоа два реда круши. в) Збир од предмети наредени еден врз друг, во вертикална линија. Постелнината беше наредена во прецизен ред. Еден ред бели маици, врз нив ред сини.

2. а) Слој, пласт, кора што се става една врз друга. Еден ред фил, еден ред тесто и така се повторува. Еден ред компири, еден ред месо, последниот ред изматени јајца со млеко. б) Количество, збир од нешто. Ред прашања. Ред причини.

3. При плетење, ткаење и сл. дејство. Еден ред црвени конци, еден ред црни конци. Првите пет реда ги исплете зелени, другите редови ги правеше во различни бои.

4. Дел од текст. Тој го прочита првиот ред и застана. Напиши ни неколку реда. Првите два-три реда се пишувани со латиница, наредните редови со кирилица.

5. (само едн.) На определен начин или во определено време, според некои правила. Тој ги извика сите со ред. Општината ги повикуваше по азбучен ред. Таа го кани години со ред да доаѓа на празници.

6. (само едн.) Достасано време за извршување некое дејство. Ми дојде редот. Сега е тој на ред. Чека да дојде ред и тој да победува. Дојде ред и ти да учиш.

7. а) Општествена класа. Монархиски ред. б) Црковна позиција, организација во свештенството. Свештенички ред. в) Дел од определена група што има свои карактеристики. Редот на рицарите на честа. Редот на соколарите.

8. (биол.) Една од класификациите на организмите (класи, видови, родови). Тие се од редот на лилјаците, а има уште 20 други редови живи суштества.

9. (мат.) Низа од броеви или од величини што постепено се зголемуваат или се намалуваат по определено правило. Конвергентен ред. Дивергентен ред.

10. Состојба уредена со законски прописи; контрола над нешто или целосна контрола. Ред и поредок. Закон и ред. Ред и мир. Се воспостави ред. 1а) Правила, прописи за однесување, за постапки во границите на пристојноста. Сите се водеа по редот опишан во законот и во подзаконските акти. б) Дисциплина, состојба определена според некои правила (традиција, обичаи, практика). Во оваа куќа се знае редот. Кај нас дома има ред. Редот ме води да кажам здравица. Таков е редот за Бадник. Ги направија сите редови.

Множина: реда, редови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Дневен ред ‒ утврден распоред на разгледување одделни прашања на некој состанок. Граѓани (гости) од втор ред ‒ обесправени, понижени луѓе, со негативен став кон нив. Куќен ред ‒ збир од правила за однесување во заеднички станбен објект. Возен ред; ред на летање; ред на пловидба ‒ распоред со кој се дава информација за времето на пристигнување и на заминување од/до определена локација на одделни места. Во првите редови ‒ предводи, стои на чело, на добра позиција, меѓу првите луѓе е од некаква дејност. Во прв ред ‒ првенствено. Втор ред ‒ второстепено, не е од толкава важност. Трет ред ‒ сосема неважно. Доведе во ред/го научи на ред ‒ направи нешто да се одвива како што е предвидено, по определени правила и прописи. Влезе во ред ‒ почне да се однесува според правила. Дојде на ред ‒ добие свое место (позиција) и време во извршувањето некаква дејност. Збие редови ‒ собере сила, постигне единство пред некоја дејност. Падне ред на некого ‒ тој е на ред за вршење некоја дејност. Колку да помине редот/ мине од редот ‒ површна работа, да се рече дека е нешто сторено. Чита меѓу редови ‒ ја сфаќа, ја разбира намерата што не е директно кажана. Симне од дневен ред ‒ расчисти со нешто или со некого. Ред солзи, ред смеа ‒ нестабилно, променливо однесување и живеење. Нека оди по редот ‒ како утеха при сочувство.

Оригинални податоци:

ред, мн. редови, избр. мн. реда м. 1. а) Редица, севкупност од нешта (лица, предмети и сл.) што доаѓаат едно до друго во хоризонтална линија според некои правила (височина, обележаност со број и сл.). Момчињата беа наредени во ред. Тој ги читаше буквите од првиот ред. Беше сместен во втората куќа од првиот ред куќи. б) Позиција на нешта (предмети, лица) што се наоѓаат едно зад (по) друго. Десет реда војска стоеше построена. Првиот ред беше со црвени седишта, другите редови со зелени. Редот се протегаше до влезот на аптеката. Насадија два реда сливи, а потоа два реда круши. в) Збир од предмети наредени еден врз друг, во вертикална линија. Постелнината беше наредена во прецизен ред. Еден ред бели маици, врз нив ред сини. 2. а) Слој, пласт, кора што се става една врз друга. Еден ред фил, еден ред тесто и така се повторува. Еден ред компири, еден ред месо, последниот ред изматени јајца со млеко. б) Количество, збир од нешто. Ред прашања. Ред причини. 3. При плетење, ткаење и сл. дејство. Еден ред црвени конци, еден ред црни конци. Првите пет реда ги исплете зелени, другите редови ги правеше во различни бои. 4. Дел од текст. Тој го прочита првиот ред и застана. Напиши ни неколку реда. Првите два-три реда се пишувани со латиница, наредните редови со кирилица. 5. (само едн.) На определен начин или во определено време, според некои правила. Тој ги извика сите со ред. Општината ги повикуваше по азбучен ред. Таа го кани години со ред да доаѓа на празници. 6. (само едн.) Достасано време за извршување некое дејство. Ми дојде редот. Сега е тој на ред. Чека да дојде ред и тој да победува. Дојде ред и ти да учиш. 7. а) Општествена класа. Монархиски ред. б) Црковна позиција, организација во свештенството. Свештенички ред. в) Дел од определена група што има свои карактеристики. Редот на рицарите на честа. Редот на соколарите. 8. (биол.) Една од класификациите на организмите (класи, видови, родови). Тие се од редот на лилјаците, а има уште 20 други редови живи суштества. 9. (мат.) Низа од броеви или од величини што постепено се зголемуваат или се намалуваат по определено правило. Конвергентен ред. Дивергентен ред. 10. Состојба уредена со законски прописи; контрола над нешто или целосна контрола. Ред и поредок. Закон и ред. Ред и мир. Се воспостави ред. 11. а) Правила, прописи за однесување, за постапки во границите на пристојноста. Сите се водеа по редот опишан во законот и во подзаконските акти. б) Дисциплина, состојба определена според некои правила (традиција, обичаи, практика). Во оваа куќа се знае редот. Кај нас дома има ред. Редот ме води да кажам здравица. Таков е редот за Бадник. Ги направија сите редови. ◊ Дневен ред ‒ утврден распоред на разгледување одделни прашања на некој состанок. Граѓани (гости) од втор ред ‒ обесправени, понижени луѓе, со негативен став кон нив. Куќен ред ‒ збир од правила за однесување во заеднички станбен објект. Возен ред; ред на летање; ред на пловидба ‒ распоред со кој се дава информација за времето на пристигнување и на заминување од/до определена локација на одделни места. Во првите редови ‒ предводи, стои на чело, на добра позиција, меѓу првите луѓе е од некаква дејност. Во прв ред ‒ првенствено. Втор ред ‒ второстепено, не е од толкава важност. Трет ред ‒ сосема неважно. Доведе во ред/го научи на ред ‒ направи нешто да се одвива како што е предвидено, по определени правила и прописи. Влезе во ред ‒ почне да се однесува според правила. Дојде на ред ‒ добие свое место (позиција) и време во извршувањето некаква дејност. Збие редови ‒ собере сила, постигне единство пред некоја дејност. Падне ред на некого ‒ тој е на ред за вршење некоја дејност. Колку да помине редот/ мине од редот ‒ површна работа, да се рече дека е нешто сторено. Чита меѓу редови ‒ ја сфаќа, ја разбира намерата што не е директно кажана. Симне од дневен ред ‒ расчисти со нешто или со некого. Ред солзи, ред смеа ‒ нестабилно, променливо однесување и живеење. Нека оди по редот ‒ како утеха при сочувство.