редакција

Именка, женски род

Значење на редакција:

1. Подготовка, обработка, проверка на текст (книга, списание, весник и сл.) за печат. Текстот ја мина последната редакција. Треба да се направи уште една редакција пред печатење.

2. Некаква форма, средување на некое писмено излагање. Таа направи редакција на неговиот говор. Овој текст мина низ редакција.

3. Црковнословенски ракопис, препис од старословенска предлошка во кој навлегле јазични елементи од средината каде што настанал. Македонска редакција во старите текстови. Стари ракописи со бугарска редакција.

4. Колектив, избран одбор од редактори; редакциски одбор. Редакција на списанието Македонски јазик. Спортска редакција. Дневна редакција. Културна редакција. 6. Простор, место каде што се врши, се извршува издавачка или новинарска дејност, се подготвува списание, весник и сл. Редакцијата на весникот е во оваа зграда. Отиде до редакцијата да однесе некој текст. Спортската редакација е на првиот кат.

Множина: редакции.

Изведени зборови:

  • редакциски, прид. редакцискиот Редакциски одбор. Редакциски колегиум. Редакциско известување.

Оригинални податоци:

редакција, мн. редакции ж. 1. Подготовка, обработка, проверка на текст (книга, списание, весник и сл.) за печат. Текстот ја мина последната редакција. Треба да се направи уште една редакција пред печатење. 2. Некаква форма, средување на некое писмено излагање. Таа направи редакција на неговиот говор. Овој текст мина низ редакција. 3. Црковнословенски ракопис, препис од старословенска предлошка во кој навлегле јазични елементи од средината каде што настанал. Македонска редакција во старите текстови. Стари ракописи со бугарска редакција. 4. Колектив, избран одбор од редактори; редакциски одбор. Редакција на списанието Македонски јазик. Спортска редакција. Дневна редакција. Културна редакција. 6. Простор, место каде што се врши, се извршува издавачка или новинарска дејност, се подготвува списание, весник и сл. Редакцијата на весникот е во оваа зграда. Отиде до редакцијата да однесе некој текст. Спортската редакација е на првиот кат. ‖ редакциски, редакцискиот прид. Редакциски одбор. Редакциски колегиум. Редакциско известување.