редактира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на редактира:

1. Исправи, исправува; подготви, подготвува; среди, средува списание, текст, книга и сл.; изврши, извршува редакција. Професорот го редактираше речникот. Врвни научници го редактираа ракописот. Тој досега редактирал неколку книги.

2. Раководи издание на некој весник, списание, едиција и сл. во функција на редактор. Институтот редактира и неколку списанија посветени на македонскиот јазик.

Коњугација: редактираат , редактирајќи.

Изведени зборови:

  • редактирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

редактира, редактираат; редактирајќи св. и несв. 1. Исправи, исправува; подготви, подготвува; среди, средува списание, текст, книга и сл.; изврши, извршува редакција. Професорот го редактираше речникот. Врвни научници го редактираа ракописот. Тој досега редактирал неколку книги. 2. Раководи издание на некој весник, списание, едиција и сл. во функција на редактор. Институтот редактира и неколку списанија посветени на македонскиот јазик. ‖ глаг. им. редактирање ср.