редар

Именка, машки род

Значење на редар:

1. Лице задолжено за редот на некоја манифестација (собир, приредба) или во некоја установа (кино, театар, стадион и сл.). Редарот го натера да се врати на своето место. Редарите држеа сè под контрола.

2. Дежурен ученик кој треба да внимава на редот. Оваа недела тој беше редар.

Множина: редари.

Изведени зборови:

  • редарка, и. ж.
  • редарски, прид. редарскиот Редарска обврска. Редарска дисциплина. Редарска служба.

Оригинални податоци:

редар, мн. редари м. 1. Лице задолжено за редот на некоја манифестација (собир, приредба) или во некоја установа (кино, театар, стадион и сл.). Редарот го натера да се врати на своето место. Редарите држеа сè под контрола. 2. Дежурен ученик кој треба да внимава на редот. Оваа недела тој беше редар. ‖ редарка, мн. редарки ж. ‖ редарски, редарскиот прид. Редарска обврска. Редарска дисциплина. Редарска служба.