редефинира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на редефинира:

1. Преформулира дадена дефиниција, поинаку дефинира нешто. Тие ги редефинираа основните поими.

2. Поизмени, поизменува нешто во однос на смислата, даде, дава подруга смисла. Тој ја редефинира целата своја теорија.

3. (архит.) Повторно среди, средува, прераспореди, прераспоредува определен простор или дел од него. Архитектите го редефинираа просторот. Декоратерите ја редефинираа дневната соба.

Коњугација: редефинираат , редефинирајќи.

Изведени зборови:

  • редефинирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

редефинира, редефинираат; редефинирајќи св. и несв. 1. Преформулира дадена дефиниција, поинаку дефинира нешто. Тие ги редефинираа основните поими. 2. Поизмени, поизменува нешто во однос на смислата, даде, дава подруга смисла. Тој ја редефинира целата своја теорија. 3. (архит.) Повторно среди, средува, прераспореди, прераспоредува определен простор или дел од него. Архитектите го редефинираа просторот. Декоратерите ја редефинираа дневната соба. ‖ глаг. им. редефинирање ср.