реди

Глагол, несвршен

Значење на реди:

1. Поставува лица или предмети во определен ред, подредува. Тој ги редеше учениците по височина. Тие ги редеа чашите една до друга.

2. Токми, дотерува. Другарките ја редеа невестата. Таа ја реди ќерката со шарени панделки.

3. Става, одржува ред. Мажот ги редеше работите во семејството. Неколку луѓе ги редат работите во претпријатието.

4. а) Прави, повторува нешто едно по друго. Таа реди успеси. б) Искажува, изговара едно по друго. Старецот редеше настани. Попот ги редеше имињата на умрените. Таа редеше благослови.

5. Плаче, оплакува умрен. Жените редеа на гробот. Селаните ја повикуваа да реди над умрени.

Коњугација: редат.

Изведени зборови:

  • редење, глаг. им. ср.
  • се ~ реди, 1. Се мести по определен ред, се става во ред. Децата се редеа во два реда. 2. Следува еден по друг во просторот или во времето. По улицата се редеа куќи. На небото се редеа облаци. Чудни случки се редеа оваа недела. Ден за ден се редеше. Акциите се редеа како на филмска лента. 3. Се дотерува, се токми, се кити. Таа се реди со злато. Тој се реди, се дотерува со најскапа облека.

Оригинални податоци:

реди, редат несв. 1. Поставува лица или предмети во определен ред, подредува. Тој ги редеше учениците по височина. Тие ги редеа чашите една до друга. 2. Токми, дотерува. Другарките ја редеа невестата. Таа ја реди ќерката со шарени панделки. 3. Става, одржува ред. Мажот ги редеше работите во семејството. Неколку луѓе ги редат работите во претпријатието. 4. а) Прави, повторува нешто едно по друго. Таа реди успеси. б) Искажува, изговара едно по друго. Старецот редеше настани. Попот ги редеше имињата на умрените. Таа редеше благослови. 5. Плаче, оплакува умрен. Жените редеа на гробот. Селаните ја повикуваа да реди над умрени. ● се ~ 1. Се мести по определен ред, се става во ред. Децата се редеа во два реда. 2. Следува еден по друг во просторот или во времето. По улицата се редеа куќи. На небото се редеа облаци. Чудни случки се редеа оваа недела. Ден за ден се редеше. Акциите се редеа како на филмска лента. 3. Се дотерува, се токми, се кити. Таа се реди со злато. Тој се реди, се дотерува со најскапа облека. ‖ глаг. им. редење ср.