редица

Именка, женски род

Значење на редица:

1. Прав ред, права линија составена од лица или од предмети. Пред вратата имаше цела долга редица.

2. Голем број, значителен дел од нешто. Редица статии. Редица писма. Редица поплаки.

3. Поставено нешто по определен ред; ред Тој седеше во првата редица. Речниците беа наредени во долните редици.

Множина: редици.

Оригинални податоци:

редица, мн. редици ж. 1. Прав ред, права линија составена од лица или од предмети. Пред вратата имаше цела долга редица. 2. Голем број, значителен дел од нешто. Редица статии. Редица писма. Редица поплаки. 3. Поставено нешто по определен ред; сп. ред 1. Тој седеше во првата редица. Речниците беа наредени во долните редици.