редок

Придавка

Значење на редок:

1. Поставен на растојание едно од друго. Ретки бели влакна. Ретка шума. Ретки снегулки. Ретка коса.

2. Разреден, што е со намалена густина. Редок пудинг. Ретко кисело млеко. Ретка супа. Ретка магла.

3. Што се јавува, се повторува во ретки временски интервали. Ретки настани. Ретки истрели. Ретка појава. Ретка употреба.

4. Што е во мал број, што не се среќава често. Ретко растение. Ретки гласовни можности. Ретки примери. Ретка книга.

5. Што се изделува според квалитетот, исклучителен. Редок талент. Ретка убавина. Ретка личност.

Членувана форма: реткиот.

Изведени зборови:

  • ретко, прил. Се јавува, се повторува во долг временски интервал. Доаѓа ретко. Се јавува исклучително ретко.
  • реткост, и. ж.

Оригинални податоци:

редок, реткиот прид. 1. Поставен на растојание едно од друго. Ретки бели влакна. Ретка шума. Ретки снегулки. Ретка коса. 2. Разреден, што е со намалена густина. Редок пудинг. Ретко кисело млеко. Ретка супа. Ретка магла. 3. Што се јавува, се повторува во ретки временски интервали. Ретки настани. Ретки истрели. Ретка појава. Ретка употреба. 4. Што е во мал број, што не се среќава често. Ретко растение. Ретки гласовни можности. Ретки примери. Ретка книга. 5. Што се изделува според квалитетот, исклучителен. Редок талент. Ретка убавина. Ретка личност. ‖ ретко прил. Се јавува, се повторува во долг временски интервал. Доаѓа ретко. Се јавува исклучително ретко. ‖ реткост ж.