редовен

Придавка

Значење на редовен:

1. Што се одвива, се извршува по определен ред. Редовна пауза. Редовна посета. Редовна пошта.

2. Што се одвива во однапред определено време, навремен. Редовна седница. Редовен состанок. Редовно дежурство. Редовна сесија.

3. Што е постојано дел од нешто или е постојано некаде. Редовен посетител. Редовен член. Редовен гледач. Редовен навивач.

4. Постојан. Редовни приходи. Редовен фонд. Редовен работен однос.

5. Што се одвива под определени правила и норми. Редовна исхрана. Редовен живот.

Членувана форма: редовниот.

Изведени зборови:

  • редовно, прил. Постојано, рамномерно. Студира редовно. Јаде редовно. Редовно станува во 7 часот.
  • редовност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Редовни студии ‒ образование во високошколска установа со редовна посета на наставата. Редовен студент (редовен ученик) ‒ статус на студент на редовни студии или на ученик во основно или во средно образование. Редовен професор ‒ последното, највисокото звање во рамките на високото образование.

Оригинални податоци:

редовен, редовниот прид. 1. Што се одвива, се извршува по определен ред. Редовна пауза. Редовна посета. Редовна пошта. 2. Што се одвива во однапред определено време, навремен. Редовна седница. Редовен состанок. Редовно дежурство. Редовна сесија. 3. Што е постојано дел од нешто или е постојано некаде. Редовен посетител. Редовен член. Редовен гледач. Редовен навивач. 4. Постојан. Редовни приходи. Редовен фонд. Редовен работен однос. 5. Што се одвива под определени правила и норми. Редовна исхрана. Редовен живот. ◊ Редовни студии ‒ образование во високошколска установа со редовна посета на наставата. Редовен студент (редовен ученик) ‒ статус на студент на редовни студии или на ученик во основно или во средно образование. Редовен професор ‒ последното, највисокото звање во рамките на високото образование. ‖ редовно прил. Постојано, рамномерно. Студира редовно. Јаде редовно. Редовно станува во 7 часот. ‖ редовност ж.