редуцира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на редуцира:

1. Намали, намалува; скрати, скратува; сведе, сведува на помала мера. Управата ја редуцира паузата за ручек. Таа ги редуцира оброците.

2. (хем.) Подложи, подложува на редукцијаво хемиски процес. Базниот раствор го редуцира анилинот. Оваа супстанција го редуцира создавањето на мајчиното млеко.

Коњугација: редуцираат , редуцирајќи.

Изведени зборови:

  • редуцирање, глаг. им. ср.
  • се ~ редуцира, 1. (хем.) Се подложи, се подложува на редукција при хемиски процес. Анилинот се редуцира кога ќе го ставиме во базен раствор. 2. (лингв.) Доживее, доживува определена јазична промена ‒ редукција. Вокалниот систем се редуцирал во некои словенски јазици.

Оригинални податоци:

редуцира, редуцираат; редуцирајќи св. и несв. 1. Намали, намалува; скрати, скратува; сведе, сведува на помала мера. Управата ја редуцира паузата за ручек. Таа ги редуцира оброците. 2. (хем.) Подложи, подложува на редукцијаво хемиски процес. Базниот раствор го редуцира анилинот. Оваа супстанција го редуцира создавањето на мајчиното млеко. ● се ~ 1. (хем.) Се подложи, се подложува на редукција при хемиски процес. Анилинот се редуцира кога ќе го ставиме во базен раствор. 2. (лингв.) Доживее, доживува определена јазична промена ‒ редукција. Вокалниот систем се редуцирал во некои словенски јазици. ‖ глаг. им. редуцирање ср.