редукција

Именка, женски род

Значење на редукција:

1. Сведување на сложеното кон едноставно, кон попросто со намалување, ограничување. Редукција на сложените теории. Во денешни услови обредните песни трпат мошне брза редукција.

2. (хем.) Процес во кој се одзема или се намалува кислородот до определени граници; оксидација. Редукција на нитратите во елементарен гасовит азот.

3. Скратување, намалување на некаква бројност. Редукција на персоналот. Редукција на скапите вечери.

4. (лингв.) Ослабување, промена на изговорот на неакцентираните самогласки или целосно отстранување на гласовите. Редукција на неакцентираните вокали.

Множина: редукции.

Изведени зборови:

  • редукциски, прид. редукцискиот Редукциски процес.

Оригинални податоци:

редукција, мн. редукции ж. 1. Сведување на сложеното кон едноставно, кон попросто со намалување, ограничување. Редукција на сложените теории. Во денешни услови обредните песни трпат мошне брза редукција. 2. (хем.) Процес во кој се одзема или се намалува кислородот до определени граници; спрот. оксидација. Редукција на нитратите во елементарен гасовит азот. 3. Скратување, намалување на некаква бројност. Редукција на персоналот. Редукција на скапите вечери. 4. (лингв.) Ослабување, промена на изговорот на неакцентираните самогласки или целосно отстранување на гласовите. Редукција на неакцентираните вокали. ‖ редукциски, редукцискиот прид. Редукциски процес.