редува се

Глагол, несвршен

Значење на редува се:

1. Се заменува на работа еден по друг според определен ред. Болничарките се редуваа.

2. (грам.) Се заменува еден со друг, претрпува промена (алтернација) од една форма во друга, што е предизвикано од определени околности. Консонантот к се редува во ц во примерот ученик наспрема ученици.

Коњугација: се редуваат.

Изведени зборови:

  • редување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

редува се, се редуваат несв. 1. Се заменува на работа еден по друг според определен ред. Болничарките се редуваа. 2. (грам.) Се заменува еден со друг, претрпува промена (алтернација) од една форма во друга, што е предизвикано од определени околности. Консонантот к се редува во ц во примерот ученик наспрема ученици. ‖ глаг. им. редување ср.