рее

Глагол, несвршен

Значење на рее:

1. Занесено гледа. Таа со погледот рееше некаде во далечините.

2. Полека разнесува, шири нешто (за студ, за светлина, за миризба и сл.). Ветрот рееше есенско студенило. Од под пазувите силна миризба рее. Во собата рееше како на пцовисан добиток.

Коњугација: реав , реаја , реал , реан, реат , реев , рееја , реејќи , реел , реен , реј , рејте .

Изведени зборови:

  • реење, глаг. им. ср.
  • се ~ рее, Се разнесува, се шири. Светла трага низ темната ноќ се рее. Чадот се рееше над нив.

Оригинални податоци:

рее, реат; реј, рејте; реев, рееја; реел; реен; реејќи; реав, реаја; реал; реан несв. 1. Занесено гледа. Таа со погледот рееше некаде во далечините. 2. Полека разнесува, шири нешто (за студ, за светлина, за миризба и сл.). Ветрот рееше есенско студенило. Од под пазувите силна миризба рее. Во собата рееше како на пцовисан добиток. ● се ~ Се разнесува, се шири. Светла трага низ темната ноќ се рее. Чадот се рееше над нив. ‖ глаг. им. реење ср.