реферат

Именка, машки род

Значење на реферат:

1. Јавно излагање на научен труд, предавање на определена тема; текст претставен на некој собир, конференција, конгрес и сл. Рефератите и дискусијата се објавени во зборник. Реферати на македонските слависти. Воведен реферат.

2. Писмен извештај за работата, состојбата, постигањата итн. во некоја дејност. Реферат за работата на здружението. Реферат од Комисијата за работни односи.

3. Рецензија, мислење за определена книга или за некоја личност. Реферат за избор во повисоко звање.

Множина: реферати.

Оригинални податоци:

реферат, мн. реферати м. 1. Јавно излагање на научен труд, предавање на определена тема; текст претставен на некој собир, конференција, конгрес и сл. Рефератите и дискусијата се објавени во зборник. Реферати на македонските слависти. Воведен реферат. 2. Писмен извештај за работата, состојбата, постигањата итн. во некоја дејност. Реферат за работата на здружението. Реферат од Комисијата за работни односи. 3. Рецензија, мислење за определена книга или за некоја личност. Реферат за избор во повисоко звање.