референт

Именка, машки род

Значење на референт:

1. Тој што настапува негде со реферат. На собирот настапија дваесет референти. Референтите се од осум држави.

2. Службеник задолжен за обработка на акти од некое подрачје, кој поднесува стручен устен или писмен извештај за нивната содржина. Референт за набавки. Референт во министерството за образование.

Множина: референти.

Изведени зборови:

  • референтка, и. ж.

Оригинални податоци:

референт, мн. референти м. 1. Тој што настапува негде со реферат. На собирот настапија дваесет референти. Референтите се од осум држави. 2. Службеник задолжен за обработка на акти од некое подрачје, кој поднесува стручен устен или писмен извештај за нивната содржина. Референт за набавки. Референт во министерството за образование. ‖ референтка, мн. референтки ж.