регенерација 1

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на регенерација:

1. (биол.) Обновување на ткивото на повредени или на изгубени делови на организмот. Регенерација на кракот кај морската ѕвезда. Регенерација на крајниците по операција на многу мала возраст.

2. (техн.) Враќање, претворање на еднаш искористен материјал во почетната негова положба со помош на некои процеси. Регенерацијата и рециклирањето на материјалите се поврзан процес.

3. Обновување, преродување, поттикнување на некои возобновувачки процеси. Регенерација на коскената срцевина. Регенерација на кожата. Регенерација на крвните зрнца.

Оригинални податоци:

регенерација1 (само едн.) ж. 1. (биол.) Обновување на ткивото на повредени или на изгубени делови на организмот. Регенерација на кракот кај морската ѕвезда. Регенерација на крајниците по операција на многу мала возраст. 2. (техн.) Враќање, претворање на еднаш искористен материјал во почетната негова положба со помош на некои процеси. Регенерацијата и рециклирањето на материјалите се поврзан процес. 3. Обновување, преродување, поттикнување на некои возобновувачки процеси. Регенерација на коскената срцевина. Регенерација на кожата. Регенерација на крвните зрнца.