регистар

Именка, машки род

Значење на регистар:

1. Список со записи подредени во определен ред: попис на зборови, предмети, лица подредени по азбучен ред или според некоја друга прегледна форма. Регистар на имиња. Азбучен регистар. Регистар на зборовни единици.

2. Службена книга со преглед во која се заведуваат акти, документи и сл. или книга за поседување, постоење и сл. Регистарот во Управата за приходи. Регистар на фирми.

3. (муз.) а) Степен на силата на височината на глас или на музички инструмент. б) Направа кај некои музички инструменти за менување на силата и височината на звукот. Низок регистар на оргулите.

4. (техн.) Регулатор кај некои машини (печки за топење и сл.). Регистарот покажува многу поголема температура од дозволеното.

Множина: регистри.

Изведени зборови:

  • регистарски, прид. регистарскиот Регистарски таблички.

Оригинални податоци:

регистар, мн. регистри м. 1. Список со записи подредени во определен ред: попис на зборови, предмети, лица подредени по азбучен ред или според некоја друга прегледна форма. Регистар на имиња. Азбучен регистар. Регистар на зборовни единици. 2. Службена книга со преглед во која се заведуваат акти, документи и сл. или книга за поседување, постоење и сл. Регистарот во Управата за приходи. Регистар на фирми. 3. (муз.) а) Степен на силата на височината на глас или на музички инструмент. б) Направа кај некои музички инструменти за менување на силата и височината на звукот. Низок регистар на оргулите. 4. (техн.) Регулатор кај некои машини (печки за топење и сл.). Регистарот покажува многу поголема температура од дозволеното. ‖ регистарски, регистарскиот прид. Регистарски таблички.