регистрација

Именка, женски род

Значење на регистрација:

1. Запишување податоци, состојби, појави, факти (заради статистички преглед) во регистар. Регистрација на вработените.

2. Склучување граѓански брак; венчавање пред општински, граѓански власти. Регистрацијата се одвиваше во општинската зграда. Тој ја однесе на регистрација, но свадба не сакаше да прави.

3. а) Технички преглед и запишување на превозно средство (возило, авион, брод и сл.) во регистар. Треба да се носи возилото на регистрација. б) Бројот на табличките на возилото или на превозното средство. Возило со регистрација SK 421 MB. в) Документот со кој се потврдува регистрацијата на превозното средство. Тој му ја покажа регистрацијата на полицаецот.

Множина: регистрации.

Изведени зборови:

  • регистрациски, прид. регистрацискиот

Оригинални податоци:

регистрација, мн. регистрации ж. 1. Запишување податоци, состојби, појави, факти (заради статистички преглед) во регистар. Регистрација на вработените. 2. Склучување граѓански брак; венчавање пред општински, граѓански власти. Регистрацијата се одвиваше во општинската зграда. Тој ја однесе на регистрација, но свадба не сакаше да прави. 3. а) Технички преглед и запишување на превозно средство (возило, авион, брод и сл.) во регистар. Треба да се носи возилото на регистрација. б) Бројот на табличките на возилото или на превозното средство. Возило со регистрација SK 421 MB. в) Документот со кој се потврдува регистрацијата на превозното средство. Тој му ја покажа регистрацијата на полицаецот. ‖ регистрациски, регистрацискиот прид.