регистрира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на регистрира:

1. Запише, запишува во книга; внесе, внесува во регистар. Пограничната служба ги регистрираше бегалците. Матичната служба го регистрира секое новороденче. Ние го регистриравме претпријатието. Тој го регистрираше камионот.

2. Оформи, оформува; склучи, склучува брак; венча, венчава. Матичарот ги регистрираше младите.

3. Одбележи, одбележува; забележи, забележува некој факт или појава. Комисијата регистрира голем број неправилности во работењето. Скриените камери го регистрираа секое движење во зградата. Апаратот регистрираше ненадејно зголемување на срцевата активност. Екипите регистрираа траги од златна руда.

Коњугација: регистрираат , регистрирајќи.

Изведени зборови:

  • регистрирање, глаг. им. ср.
  • се ~ регистрира, Венча, венчава; стапи, стапува во брак, во брачна заедница. Тие се регистрираа пред три дена. По долга врска момчето се регистрира со девојката.

Оригинални податоци:

регистрира, регистрираат; регистрирајќи св. и несв. 1. Запише, запишува во книга; внесе, внесува во регистар. Пограничната служба ги регистрираше бегалците. Матичната служба го регистрира секое новороденче. Ние го регистриравме претпријатието. Тој го регистрираше камионот. 2. Оформи, оформува; склучи, склучува брак; венча, венчава. Матичарот ги регистрираше младите. 3. Одбележи, одбележува; забележи, забележува некој факт или појава. Комисијата регистрира голем број неправилности во работењето. Скриените камери го регистрираа секое движење во зградата. Апаратот регистрираше ненадејно зголемување на срцевата активност. Екипите регистрираа траги од златна руда. ● се ~ Венча, венчава; стапи, стапува во брак, во брачна заедница. Тие се регистрираа пред три дена. По долга врска момчето се регистрира со девојката. ‖ глаг. им. регистрирање ср.