регуларен

Придавка

Значење на регуларен:

Што се подведува под определена регула, што е според прописите, правилен, редовен, рамномерен, навремен. Регуларни барања. Регуларен преглед. Регуларен план. Регуларен одговор.

Членувана форма: регуларниот.

Изведени зборови:

  • регуларно, прил. Играа регуларно. Постапија регуларно.
  • регуларност, и. ж.

Оригинални податоци:

регуларен, регуларниот прид. Што се подведува под определена регула, што е според прописите, правилен, редовен, рамномерен, навремен. Регуларни барања. Регуларен преглед. Регуларен план. Регуларен одговор. ‖ регуларно прил. Играа регуларно. Постапија регуларно. ‖ регуларност ж.