регулатор

Именка, машки род

Значење на регулатор:

1. (техн.) Апарат за регулирање, за следење на работата на некој механизам, машина и сл. Регулатор на топлина. Регулатор на светлина. Регулатор на брзина.

2. Сила, личност или нешто што дејствува, што внесува ред и правилност во однесувањето, во работата на нешто. Полицијата е регулатор на состојбата. Витамините се регулатор на општата состојба на организмот. Регулатори на телесната тежина.

Множина: регулатори.

Изведени зборови:

  • регулаторски, прид. регулаторскиот Регулаторска постапка. Регулаторски процес.

Оригинални податоци:

регулатор, мн регулатори м. 1. (техн.) Апарат за регулирање, за следење на работата на некој механизам, машина и сл. Регулатор на топлина. Регулатор на светлина. Регулатор на брзина. 2. Сила, личност или нешто што дејствува, што внесува ред и правилност во однесувањето, во работата на нешто. Полицијата е регулатор на состојбата. Витамините се регулатор на општата состојба на организмот. Регулатори на телесната тежина. ‖ регулаторски, регулаторскиот прид. Регулаторска постапка. Регулаторски процес.