регулира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на регулира:

1. Уреди, уредува; подложи, подложува на извесен ред, на правила. Владата ги регулираше цените на лебот. Државите ги регулираа меѓусебните односи. Полицијата го регулираше сообраќајот.

2. Востанови, востановува, воспостави, воспоставува правилен однос меѓу деловите на некој систем, организам. Ова масло ја регулира работата на моторот.

3. Доведе, доведува до определена состојба. Лековите го регулираат притисокот. Оваа храна го регулира присуството на шеќерот во крвта.

Коњугација: регулираат , регулирајќи.

Изведени зборови:

  • регулирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

регулира, регулираат; регулирајќи св. и несв. 1. Уреди, уредува; подложи, подложува на извесен ред, на правила. Владата ги регулираше цените на лебот. Државите ги регулираа меѓусебните односи. Полицијата го регулираше сообраќајот. 2. Востанови, востановува, воспостави, воспоставува правилен однос меѓу деловите на некој систем, организам. Ова масло ја регулира работата на моторот. 3. Доведе, доведува до определена состојба. Лековите го регулираат притисокот. Оваа храна го регулира присуството на шеќерот во крвта. ‖ глаг. им. регулирање ср.