рехабилитира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на рехабилитира:

1. Изврши, врши рехабилитација на некого или на нешто. Со помош на Законот за денационализација таа го рехабилитира одземениот имот. Најновите научни истражувања ја рехабилитираа неговата дејност.

2. (мед.) Повторно оспособи, оспособува за нормален живот и активност, овозможи, овозможува некому да закрепне, да заздрави. Со специјална терапија го рехабилитираа пациентот.

Коњугација: рехабилитираат , рехабилитирајќи.

Изведени зборови:

  • рехабилитирање, глаг. им. ср.
  • се ~ рехабилитира, 1. Поврати, врати поранешен углед. Со постигнатиот резултат фудбалскиот клуб се рехабилитира. Угледот на групата се рехабилитира со новиот албум. 2. Повторно се оспособи, се оспособува за нормален живот и активност, заздрави, заздравува, закрепне, закрепнува. Тој се рехабилитираше успешно.

Оригинални податоци:

рехабилитира, рехабилитираат; рехабилитирајќи св. и несв. 1. Изврши, врши рехабилитација на некого или на нешто. Со помош на Законот за денационализација таа го рехабилитира одземениот имот. Најновите научни истражувања ја рехабилитираа неговата дејност. 2. (мед.) Повторно оспособи, оспособува за нормален живот и активност, овозможи, овозможува некому да закрепне, да заздрави. Со специјална терапија го рехабилитираа пациентот. ● се ~ 1. Поврати, врати поранешен углед. Со постигнатиот резултат фудбалскиот клуб се рехабилитира. Угледот на групата се рехабилитира со новиот албум. 2. Повторно се оспособи, се оспособува за нормален живот и активност, заздрави, заздравува, закрепне, закрепнува. Тој се рехабилитираше успешно. ‖ глаг. им. рехабилитирање ср.